БОЈМАЦАЛИЕВ : И ТОГАШ И СЕГА „ПРОЛЕТ” ФУНКЦИОНИРА ВО ИСТАТА САЛА, СО ИСТИТЕ ОПРЕМА И РЕСУРСИ

0
164

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за штипската ТВ Стар запрашан за функционирањето на пунктот во полициската станица „Пролет”, рече дека граѓаните можеа да добијат услуга, а сега телефонските линии се презафатени и не може да се добие услугата.

„Со почетокот на промената на документите од Република Македонија во Република Северна Македонија, 2021, месеците декември и јануари имаме 50.000 граѓани кои бараат промена на личен документ, како се намалуваше реториката и фронтот за Никогаш Северна, така се зголемуваше интересот на граѓаните за промена на лични документи. Пикот на промената на лични документи го добиваме 2023 декември и јануари 2024, над 170.000 граѓани побарале да ги сменат своите лични документи. Тука имавме голем наплив на граѓани, сите беа услужени, добија она што го бараат, промена на лична карта, возачка или пасош.

„Ако се вратиме на пунктот Пролет, кој го критикуваат, бил хангар, сме ги понижувале македонските граѓани, зошто не го укинаа целосно? Да го затворат и направат друго. Ништо не е сменето, истата спортска сала, истата опрема, истите ресурси. Знаете што сменија само? Да не можат граѓаните тие што не можат да добијат на телефон – да не ги извадат своите лични документи. Прв дојден, прв услужен веќе не важи во Скопје. Знаете дека на територија на цела држава од октомври имаме телеграма дека секој кој дојде во управните служби ќе биде услужен. Граѓаните од внатрашноста веќе 99% ги сменија своите документи”, истакна Бојмацалиев. Притоа, тој рече дека граѓаните ја завршуваа работата, а сега телефонските линии се презафатени.

„Од тие причини, бидејќи јули, август и септември се јавуваат одредени граѓани, а не се појавуваат на термините за сликање, околу 70%, го увидовме тоа и со тимот предводен од Спасовски решивме да ја отвориме спортската сала во Кисела Вода. Да, се чекаше, 4-5, некогаш и 8 часа, но на крај од денот се сликаат. Сега вртиш по 8 дена, немаш термин и добиваш термин во јуни, јули, ништо не си завршил. Ако сакаат да се сликаат дека нема гужва, тоа им успеа, но граѓаните не се услужени”, дециден беше Бојмацалиев.

Во оваа прилика, Бојмацалиев потсети на воведувањето на биометриски документи.
„Брза постапка се воведе со воведување на биометриските лични карти и пасоши. И тогаш во тој процес имаше гужви, јас лично во Куманово чекав 9 саати да се сликам и после 4 месеци земав лична карта. А, во времето кога Оливер Спасовски го водеше МВР во рокот од 15 дена сите граѓаните ги добиваа личните документи”, рече Бојмацалиев.