На новинарско прашање дека лидерот на опозицијата најавува бомби и дали се плаши од нив, премиерот денеска на прес во влада одговори:
– Кога јас пред 4 години објавував т.н бомби тогашната власт ме апсеше и мене и некои од моите соработници и нивните семејства, Верушевски, Палифров… Сега наместо да го спречувам или заплашувам, јас го охрабрувам лидерот на опозицијата Мицковски да објави се што има како докази за криминал и со тоа да ни помогне да ја средиме земјава!