БИТИЌИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ЗЕЌИРИ : НЕ САКАМ ДА ЈА КОМЕНТИРАМ – НА АЛБАНСКИ НЕ БЕШЕ ИСТО КАЖАНО

0
347

Никогаш во ниту еден заклучок или задолжение што ги носи Владата, нагласи Битиќи, не се укажува на постапката или начинот како треба да се спроведе.

– Нема никогаш и во ниту еден заклучок не се влегува во модалитетот на спроведување на заклучокот. Стручните служби знаат како треба да се спроведе, согласно законските прописи во државата. Владата работи според Деловникот за работа на Влада и според Законот за Влада, изјави Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на фабриката „АТС АММО“ во Македонски Брод.

Во однос на изјавата на поранешниот Генерален секретар на Влада Мухамед Зеќири, против кого вчера беше изречена првостепената неправосилна пресуда, дека при потпишувањето на договорите спроведувал „умисла на други“ посочувајќи го него, Битиќи рече дека не би сакал да ја коментира неговата изјава.

– Не би сакал да ја коментирам неговата изјава, затоа што беше дадена на два јазици, на македонски и на албански. На албански јазик не беше кажано така, беше кажано предлог, изјави Битиќи