БОМБА НА МИЛЕНКО : Никола Груевски е организаторот на настаните од 27 Април и ќе оди во затвор!

0
7137

Во последната емисијата на Миленко Неделковски објавена на јутјуб Миленко за прв пат настапи со една крајно поинаква реторика и сериозни обвинувања кои никој можеби не ги очекувал од него.

Имено според Миленко Неделковски сите случаи покренати од СЈО ќе паднат, но тој од 27 Април на Јавното Обвинителство нема да падне, затоа што од сведочењата и записите на луѓето кои сега се во затвор, оние кои себеси се нарекуваат уставо-бранители, иако за него е малку смешно некој со маска кој влегол во Собрание да се нарече себеси уставо-бранител.

„Во организацијата на 27 Април има еден организационен комплот од луѓе, значи Чавков, Сашо Мијалков, пред се Никола Груевски, па и неколку луѓе околу Груевски и тие ќе одговарат за 27 Април.“ – вели Миленко Неделковски

Според Миленко, доказите во Јавното обвинителство кажуваат точно кој е организатор, а кој е пуштен низ вода. Како тие момци од типот на Југ, Горан и други се уствари изманипулирани, со колку началници комуницирале во полицијата, со колку високи функционери комуницирале…