БИЗНИС ОРТАКОТ НА ГРУЈО, ЈАНАКИЕВСКИ САКАЛ ДА ГРАДИ ФАБРИКА ЗА ПРЕРАБОТКА НА ОТПАД ВО МЗТ!

0
793

Како името на Сашо Јанакиевски, сопственик на фирмата „Еко клуб“ од Битола и близок соработник на Никола Груевски исплива во јавноста, анализира Локално.мк.

Почетокот на неговите врски со поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ се интензивира во 2012 година, кога Унгарија го отвора првото конзуларно претставништво надвор од Скопје, а Сашо Јанакиевски станува почесен конзул.

Тој, заедно со тогашната власт ја сече лентата со која се означува отворањето на прво претставништво на Унгарската стопанска комора во Македонија, чиј претседател е токму почесниот конзул Јанакиевски. Истражувањата на медиумите подоцна покажуваат дека неговата компанија за шест години добила над 90 државни тендери, со што Сашо Јанакиевски го преземал приматот „локален лидер во државните тендери“.

Планот на Сашо Јанакиевски одеше до таму, па имаше обид во кругот на поранешната фабрика „Металски завод Тито“ да отвори погон за преработка на медицински отпад, за што добил дозвола од ексградоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, кој сега е обвинет за уривање на комплексот „Космос“, случај во јавноста познат под кодното име „ТНТ“.

Целиот текст може да го прочитате ОВДЕ