„БЕХТЕЛ И ЕНКА“ ГО ИЗГРАДИЈА НАЈДОЛГИОТ МОСТ НА БАЛКАНОТ, ГРАДАТ И ОГРОМЕН АЕРОДРОМ ВО АВСТРАЛИЈА ВРЕДЕН 4 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

0
712

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ кои ќе ги градат Коридорите 8 и 10-д во земјава зад себе имаат низа на проекти и зафати, како и признанија. Двете компании го изградиле најдолгиот мост на Балканот, над реката Лепенец во Косово, во должина од 5,75 километри.

Освен автопатот во Косово, „Бехтел и Енка“ го градат и автопатот Морава во Србија, делница која се гради со развивање и на најмодерната дигитална инфраструктура и систем за заштита од поплави.

При изградбата на овој автопат ќе се постават и преку 1000 километри оптички кабли кои ќе служат за подобрување на 5Г инфраструктурата.Поддршка и гаранција за овој проект и за конзорциоумот „Бехтел и Енка“ е и британската влада, која обезбеди 430 милиони евра.Но, освен на Балканот, „Бехтел“ се активни и во останатите развиени земји.

Во моментов работат на еден од најзначајни инфраструктурни проекти во Австралија. Аеродромот во Западен Сиднеј во Австралија, проект вреден над четири милијарди долари. Овој аеродром во Сиднеј се очекува да биде финализиран во 2026 година и да биде еден од најголемите во Австралија со над 10 милиони патници годишно.