РАБОТНА СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ СО ПРЕТСТАВНИЧКАТА НА УНХЦР, МОНИКА САНДРИ

0
234

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со Претставничката на УНХЦР, Моника Сандри на која  и завршува работниот мандат во земјава.

Министерот Спасовски се заблагодари за тимот на УНХЦР и на неа лично за сите достигнувања и изрази надеж за продолжување на успешната соработка во исполнувањето на заедничките цели и додаде дека впрочем сите агенции на ОН во земјава даваат огромен придонес и со истите се бележи извонредна соработка.
Во оваа пригода двајцата соговорници направија осврт на некои од клучните достигнувања во изминатиот период, при што, Претставникот на УНХЦР,  Сандри  констатираше дека се прави историја за унапредување на човековите права а како што забележа некои од елементите на соработката се навистина без преседан, со резултати кои ретко се среќаваат во други земји, додаде дека Република Северна Македонија е пример не само за земјите во регионот, туку и во Европа. Ги забележа добрите изгледи за пристапување во Европската Унија и изрази надеж дека тоа ќе се случи многу скоро.
Заеднички беше констатирана успешната и како во ретко кои земји плодна соработка како што потенцираше Претставникот на УНХЦР, Сандри, која што како што посочи во неколку наврати била забележана и во самото седиште на УНХЦР и додаде дека тоа е заслуга како на тимот на МВР, така и особено на Министерот Спасовски лично и додаде дека и било огромна чест, задоволство и привилегија да соработува со Министерот Спасовски.
 Во оваа прилика министерот Спасовски и врачи пригоден подарок од МВР на Претставничката на УНХЦР, Сандри во знак на благодарност за успешната соработка со  МВР на Република Северна Македонија.