БЕНДЕВСКА : ЗА ЗНАМ СЕКОЈ ЧОВЕК Е ВАЖЕН И СЕКОЈ ТРЕБА ДА ГО ДОБИЕ СВОЕТО МЕСТО ВО СИСТЕМОТ ВО СОГЛАСНОСТ ВО СВОИТЕ КАПАЦИТЕТИ И ВЕШТИНИ

0
47
Носителката на листата на пратеници во ИЕ 5, Весна Бендевска денеска одржа прес конференција на која се осврна на вредностите и принципите за кои ќе се залагаат како вистински претставници на граѓаните, а кои се преточени  во програмата за
претстојните  парламентарни избори „Проглас за достоинствена
Македонија“.

Бендевска рече дека Движењето ЗНАМ во оваа кампања веќе се етаблирало
како нова политичка опција и сериозна алтернатива на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ,
по добиената сериозна поддршка од граѓаните во  првиот круг од
претседателските избори.

„Оваа енергија, оваа сила и синергија значи нов ветер в грб, за два дена
заедно да го завршиме започнатото: Македонија, втемелена на Крушевските
и АСНОМСКИ постулати, да ја градиме како вистински демократско општество
во кое се почитуваат човековите права ислободи без никаква дискриминација. Само такво општество може да се нарече праведно општество“, рече таа и додаде дека клучните вредности кои се  основа на идејата за почитување на човековите права се човечкото достоинство и еднаквоста.

Бендевска, исто така, рече дека во нивната Програма се залагаат  за
посебна заштита на правата на ранливите групи и заедници и лицата со
посебни потреби, кои ќе мора да добиваат посебна заштита од државата за
да можат целосно да се интегрираат во општеството, како рамноправни
индивидуи.

Таа потанцира дека секој човек е важен и ќе го добие своето

место во системот, во согласност во своите капацитети и вештини.

Бендевска рече дека  визијата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за
тоа како треба да изгледа државата се темели на неколку вредности и
принципи, а тие се: правда за сите подеднакво, обврски кон државата за
сите подеднакво; нулта толеранција за корупција и брза и ефикасна борба
против организираниот криминал – веднаш; без амнестија за никого што се
огрешил по Устав и закон; секој да одговара за кривичните дела што ги
направил, а украденото и одземеното од устата на граѓаните мора да се
врати назад; под итно да се вратат укинатите одредби од Кривичниот
законик со кого и власта и опозицијата си се самоамнестираа од делото –
злоупотреба на службена положба и овластување и зголемуљвење  на казната
за тоа дело на затвор од минимум 10 години; кривичните дела за криминал
и корупција нема да застаруваат; да се укине доживотниот мандат на
судиите и јавните обвинители, а судиите и јавните обвинители да одат на
реизбор секои шест години, бидејќи само така ќе има можност за увид во
квалитетот на нивната работа.

„Правда мора да има; без правда нема ниту правна држава, ниту лично и
човечко достоинство, а без тоа – нема ни достоинствена Македонија“, рече
таа.

Бендевска ја искористи приликата и им го честиташе големиот христијански
празник Велигден на граѓаните кои слават и посака здравје, среќа, спокој и благосостојба во секое семејство.