НЕМА РИЗИК ЗА ПРИЛЕПЧАНИ ОД ОТВАРАЊЕ НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР, ЌЕ ИМА ГОЛЕМ БРОЈ СРЕДСТВА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА И ЌЕ ИМА РЕДАРИ СО ВОВЕДЕН РЕД ВО САМИОТ ПАЗАР ПРИ ПАЗАРУВАЊЕ

0
1023

“Општинскиот кризен штаб донесе одлука за повторно отварање на градскиот пазар во Прилеп, кој што од утре повторно ќе функционира врз основа на заострени критериуми. На влезовите од пазарот ќе бидат поставени средства за дезинфекција, а ќе бидат ангажирани и зголемен број на редари кои ќе помагаат во одржувањето на редот во градскиот пазар”, истакна на денешната прес конференција градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.