БЕКТЕШИ НА ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА : КОНКУРЕНТНА ГРАДЕЖНА ИНДУСТРИЈА Е ДВИГАТЕЛ НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

0
314

“Иако Министерството за транспорт и врски е надлежна институција за градежништвото, Министерството за економија има една многу значајна улога во делот на градежните производи кои се клучен елемент на градежништвото и во делот на енергетска ефикасност на зградите за кој дел сите сме сведоци дека е приоритет на ЕУ политиките.

Ефикасен и силен механизам за контрола на квалитетот на градежните материјали кои се нудат на пазарот е еден од најзначајните предуслови што треба да обезбедат дополнителни гаранции за сигурноста на градбите и одржлив раст на домашната градежна индустрија. Градежната индустрија е значаен двигател на економскиот развој на земјата.

Поради ваквото нејзино значење, добро е што оваа гранка од индустријата се потпира врз силни компании кои имаат капацитет, знаење и големо искуство и кои континуирано вложуваат во производство на квалитетни градежни материјали“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на Првата конференција за патна инфраструктура која се одржува во Охрид.