БЕКТЕШИ НАЈАВИ ДЕКА ЕВН ЌЕ РАБОТИ НА ТЕРЕН ВО АРАЧИНОВО, А ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ПОСТАПУВА ЗА КРАЖБИ НА СТРУЈА

0
644

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска на прес – конференција изјави дека со жителите на Арачиново и со ЕВН разговарале отворено и транспарентно за загубите на енергија.

Повика сите да ги почитуваат законите и да нема штета на снабдувањето со електрична енергија.

„Да, точно е дека има загуби на енергија, но не се само во Арачиново, и да се земе дека во Арачиново се краде електрична енергија. Во секоја општина, па и во секое семејство има некои кои не ги почитуваат регулативите. Од понеделник екипите на ЕВН ќе дојдат, ќе работат на терен и ќе наплаќа“, рече Бектеши.

16.2 отсто има загуби на струја во Куманово, 12.1 отсто во Кичево, но и во Скопје и други општини. Бектеши вели дека загубите на електрична енергија се на товар на сите граѓани.

Тој рече дека полицијата ќе постапува во сите општини каде има загуби на енергија. Државата ќе прогласи енергетска криза.

Од ЕВН рекоа дека имале предизвици, доставувале дописи до институции, и бараат безбедни услови за работа. Рече дека опремата треба да остане неоштетена.