БАЈДЕН : ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ЗАЛОЖНИЦИТЕ ВО ГАЗА Е САМО ПОЧЕТОК

0
302

Американскиот претседател Џо Бајден ја пофали американската дипломатија, потенцирајќи дека стои зад денешното ослободување на 24 заложници држени од борци на палестинската милитантна група Хамас, велејќи дека тоа е почеток на, како што очекува, дополнително ослободување на заложниците од страна на палестинската милитантна група во наредните денови.

-Почнувајќи од утринава, според договорот постигнат со обемна американска дипломатија, вклучително и бројни повици што ги упатив од Овалната соба до лидерите од целиот регион, борбите во Газа ќе запрат четири дена – рече Бајден на прес-конференција.

Toj одби да шпекулира за тоа колку долго ќе трае војната меѓу Израел и Хамас, но рече дека мисли оти шансите за продолжување на тековното примирје се „реални“. Тој, исто така, изрази надеж дека американските државјани кои ги држи Хамас ќе бидат ослободени.

-Не знам колку време ќе потрае. Моето очекување и надеж е дека додека одиме напред, остатокот од арапскиот свет и регионот, исто така, вршат притисок врз сите страни да го забават ова, да се стави крај на ова што побрзо – додаде тој.