А1он: Штрајк во Актор, нема пари за плати

0
925

Вработените во „Актор“ утре најавуваат дека ќе почнат штрајк поради тоа што од Нова Година не добиваат плата. Според вработени кои ги контактираше А1он, била исплатена само една плата во февруари, но сега добивале одговор од менаџментот дека нема повеќе пари, па вработените можат да прават што сакаат. Вработените се на терен и денеска, ама како то велат, не работат. Тие сметаат дека пари имало, ама се украдени.

Грчката фирма „Актор“ која ја изведува делницата Демир Капија-Смоквица уште пред две години стана афера откако беше обелоденето дека македонски функционери се инволвирани во нечесни работи за добивањето на тендерот и зинесување пари во кеш преку македонската граница, односно перење пари и местење на тендерот.

Повеќе ОВДЕ