Ќерката на Силвија Стојановска: Мислам дека се работи за недоразбирање

0
1787

Актерката Јана Стојановска вели дека се работи за недоразбирање, откако нејзината мајка, познатата актерка Силвија Стојановска е приведена поради наводен шверц на кокаин.

-Не е ништо страшно. Мислам дека се работи за недоразбирање. Не знам со кој памет медиумите објавуваат. Чекам да ја пуштат мајка ми, па да ми каже што се случило, изјави за Женски магазинЈана од Букурешт, каде што живее изминативе месеци со сопругот, кошаркарот Андрија Бојиќ и синот Ненад кој има три ипол месеци.