„АЈДЕ ДА БИДЕМЕ ОНИЕ КОИ ЈА ПИШУВААТ ИСТОРИЈАТА“ ТАРАВАРИ НАЈАВИ ДЕКА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ НА ИЗБОРИ ЌЕ ОДИ ЗАЕДНО СО ОПОЗИЦИЈАТА

0
231

Лидерот на Алијансата за Албанците, јавно го повикува партиското Собрание да го поддржи во намерата на избори да оди заедно со опозицијата.

Лидерот на Алијансата на Албанците Арбен Таравари попладнево на Фејсбук најави дека од Собранието на неговата партија ќе побара да влезат во коалиција со партиите на Албанците кои се во опозиција.

„Граѓанинот бара Промена! Народот бара политички систем ослободен од корупциската епидемија, која стана најголема пречка за благосостојбата и развојот на Албанците во Северна Македонија. Како претседател на Алијансата за Албанците, јавно го повикувам партиското Собрание да ме поддржи на ова патување и заедно, да го поздравиме овој процес кој го нарекувам Голема и долго чекана промена!“, напиша Таравари.Тој е сигурен дека членството ќе го поддржи.

„Безрезервно верувам во моите сопартијци и во нашата заедничка визија и ја барам нивната нивната доверба Алијансата на Албанците да влезе во изборната трка заедно со албанската опозиција и заедно да направиме најдобро за државата“, напиша Таравари на Фејсбук.Тој најави дека оваа коалиција ќе испише историја со тоа што ДУИ по подолго време ќе падне од власт.„Многумина читаат историја, но ретко имаат шанса да пишуваат историја. Денеска ја имаме оваа шанса веднаш. Ајде да бидеме оние што испишуваат историја“, пишува Таравари.