Најосамениот мајмун во светот: Иако луѓето го искористиле и напуштиле, тој ги дочекува со прегратка

0
1523

Понсо, шимпанзо старо 40 години, е оставен на напуштен остров во близина на Брегот на Слоновата коска пред повеќе од 30 години, откако научниците на него престанале да вршат медицински тестирања, пренесува “The Dodo”.
Сите негови пријатели умреле, вклучувајќи ја и неговата партнерка и нивните две деца. Тој сега живее на мал остров на кој нема стабилен извор на храна и вода. Понсо се потпира на добрината на жителите на едно село, кои му носат банани и леб откако бил оставен да умре на островот.

Иако почувствувал колку може луѓето да бидат сурови, овој мајмун ги дочекува посетителите со отворени раце. Неодамна го посетила Естел Рабаланд, директорка на Центарот за зачувување на шимпанзата, а среќата на Понсо кога ја видел била неизмерна.

Понсо ја прегрнал, а изгледало и како да се смее кога ја пружила раката да го допре. Понсо уживал во вниманието кое го добил од своите посетители.

За жал, оваа посета и човечка добрина само дополнително го нагласува проблемот со кој ова шимпанзо се бори.

Понсо не е единствено шимпанзо кого го снашла ваква судбина. Тој е само еден од многу мајмуни кои биле оставени од Центарот за крв во Њујорк на напуштени острови. Овој Центар ги одржувал во живот неколку години, бидејќи на островите нема извор за вода или храна.