АХ БЕ ЦРНИ ГРУЈО: ЕУ ангажирала екс судија кој се борел против мафијата во Италија за подготовката на извештајот за Македонија!!!

0
1001

gruevski9-540x296

Во интервјуто со Зоран Заев, новинарот на порталот Револуционер открива дека ЕУ за изработката на извештајот за Македонија, ангажирала екс-судија кој се борел против италијанската мафија! Еве го тој дел од интервјуто:

РеволуционерМк: Како треба да го толкуваме тоа што во тимот на Европската комисија којшто го изготвувал Извештајот, биле ангажирани поранешен државен обвинител на Ирска и поранешен шеф на одделот за борба против мафијата на Италија?

Заев: Она што е корисно во целата констелација на случувања во Република Македонија е што е задоволена вистината. Гледам како е примен овој Извештај на Прибе од граѓаните на Македонија. Не се работи за тоа дека некој имал дилема какво зло и се случува во Македонија. Дури и без снимките и аргументите што ги презентиравме, мнозинството граѓани тоа го имаа почувствувано на своја кожа. Но, како што проектот Вистината за Македонија извади на површина докази за суровото и криминално владеење на власта на Груевски и како своевидна потврда не можеше а да не предизвика олеснување дека почна времето на вистината, гледам дека некако слично се доживува и Извештајот на експертите од Европа. Добро е што Европската комисија се одважи и најдиректно ги посочи катастрофалните состојби во коишто неколку луѓе на чело со Груевски држат во заложништво речиси два милиона граѓани. Јасно е дека Извештајот го подготвувале врвни експерти кои успеале буквално да го сецираат врвот на метастазата во болниот државен систем.

Целото интервју на следниов линк.