АХМЕТИ : МИЦКОСКИ ВОЈНА ГЛЕДАЛ САМО НА ТЕЛЕВИЗИЈА

0
390

Мицкоски истакна дека како доброволец во 2001 година го немал тоа чувство дека Али Ахмети е победник во таа војна, на што Ахмети возврати дека Мицкоски воопшто не бил во војна.

– Јас не се занимавам со Христијан Мицкоски кој ми зборува за војна. Тој не бил во војна, тоа го гледал само на телевизија, па јас сум молчел затоа што тишината е лек. Две децении градевме стратегии за да работиме и да ги реализираме нашите цели и сме ценети од нашите гласачи. Само со повеќе работа можеме да бидеме силни не само 20 години туку и повеќе. Поминаа 20 години, затоа што ги планиравме работите во секоја фаза, како ќе одат. Постапувавме во тешки времиња, во многу деликатни околности, иако на доброто му нема крај, има уште многу работа – рече Ахмети