АРСОВСКА : СОЧУВСТВО ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИАНТЕП, Р.ТУРЦИЈА

0
326

Нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и повредените во катастрофалниот земјотрес во Газиантеп, Р.Турција.До градоначалникот на Газиантеп испративме и писмо со сочувство и ја понудивме нашата помош доколку тоа е потребно.

Градот Скопје е град на солидарност кој никогаш нема да ја заборави помошта, поддршката и солидарноста на братскиот турски народ. До Советот на Град Скопје испративме барање на следната седница советниците да одлучуваат за хуманитарна помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес.

Со почит,СООПШТЕНИЕ 06.02.2023