АРСОВСКА : СКОПЈЕ ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНЕ ЗЕЛЕН РАЈ! РЕАЛИЗИРАВМЕ ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ПРОЕКТИ ОД ПРЕТХОДНО!

0
478

🍀Градот Скопје има потенцијал да прерасне во зелен рај, со реализација на мега парковите, нови зелени површини и садници, реконструкции и одржување на постоечкото зеленило и заштита на Водно, зелениот штит на градот. Заштитата и зачувување на животната средина значително ќе придонесе за повисок квалитет на живот во нашето Скопје. 🌿

📌 Затоа оваа година реализиравме двојно повеќе од претходно:
✅ 38.539 м2 нови зелени површини
✅ 76.769 м2 реконструкција на постоечко зеленило
✅ 724.480 листопадни, зимзелени дрвја и садници и нов сезонски насад 🌳🌲
✅ На 10 паркови локации поставени нови елементи од дрво, видиковци и реквизити изработени од природни материјали, паркови за миленици, реквизити за деца
✅ Имплементирани активности во согласност со Посебниот план за заштита и уредување на Парк шума Водно
✅ За прв пат по цела деценија темелно чистење и партерно уредување на 126.000 м2 на кејот на Вардар
✅ Ја отпочнавме изградбата на првиот Мега Парк Даме Груев во општина Ѓорче Петров
♥️Продолжуваме посветено за поубав град за сите нас. #ЗаМодерноСкопје

Фејсбук статус на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.