БОМБА НА ВАСКО ЕФТОВ: ВМРО ќе се подели на две партии – делот предводен од Мицкоски ќе оди кај Апасиев

0
1876

Најпознатиот македонски новинар, водител и аналитичар, Васко Ефтов, како да не го држи место. Иако најави дека со новата сезона од своите авторски емисии „Во Центар“ ќе започне некаде кон крајот на овој, или почетокот на идниот месец, тој во последните неколку дена, сними две политички анализи.

Денес Ефтов, анализираше зошто СДСМ направи повторно коалиција со Демократската унија на Албанците, а не со партиите на Села и Гаши.

Еден од главните аргументи, според Ефтов, е што во случај да се одлучеше за Гаши, ќе му недостасуваа двајца пратеници, кои ќе мораше да ги купи од опозициските редови. Тоа не го направи, бидејќи со тоа ќе потврдеше дека купувал гласови за изборите.

Тоа, според Ефтов, ќе влијаеше лошо врз рејтингот на Заев и поради тоа, тој се одлучи да оди со Ахмети. Но втората и многу поважна причина, според Ефтов, е тоа што во албанската партија, која речиси дваесет години е на власт, наскоро е можно да дојде до промена на врвот.

По евентуалното заминување на Ахмети, главни конкуренти за неговото место, според Ефтов би биле Бујар Османи и Артан Груби. Но Васко Ефтов типува на трет човек, а тоа е актуелниот Министер за финансии и поранешен носител на низа јавни функции, Фатмир Бесими.

Уште повеќе, Ефтов смета дека Бесими е најсериозниот кандидат, бидејќи неговиот карактер, мудрост и политичко делување е многу слично на она на Ахмети. Секако, во прилог на Бесими, одат и неговите конекции со домашни и странски фактори.

Васко Ефтов се осврна и на случувањата во опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според него, природно е оваа партија да одржи конгрес, бидејќи ги загуби изборите, но очигледно е дека актуелното раководство се плаши од организирање на конгрес, поради можноста да ги загуби позициите.

Ефтов предвидува дека, доколку иницијаторите за промени во партијата не успеат да издејствуваат конгрес во рамките на партијата, можно е да организираат свој конгрес и во тој случај, можно е да дојде до поделба на ВМРО-ДПМНЕ на две партии.

Едната партија, која би била прозападна и со силни шанси да дојде на власт во иднина, предводена од поранешниот Министер за надворешни работи, Никола Поповски и другата во која ќе останат Христијан Мицкоски и неговите приврзаници.

Според Ефтов, можно е да се случи, при една таква поделба, партијата во која ќе останат Мицкоски и Гордана Силјановска, да се приклони кон партијата на Димитар Апасиев, Левица.

Според Васко Ефтов, вонредните избори за Градоначалник на Штип, кои треба да се спроведат по назначувањето на актуелниот Градоначалник Благој Бочварски за Министер за Транспорт, се клучни за иднината на лидерот на опозицијата.

Доколку тој не успее да победи во Штип, би бил грогиран противник и според Ефтов, таков еден Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ најмногу би одговарало за СДСМ на следните локални избори.

Дополнителен предизвик за ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде и учеството на Левица на овие избори во Штип, бидејќи на последните предвремени парламентарни избори кои се одржаа во јули оваа година, се покажа дека Левица зеде гласови од ВМРО-ДПМНЕ, а не од СДСМ како што се прогнозираше пред изборите.

-Поради ова, вели Ефтов, сега ќе видите како Заев и СДСМ уште пожестоко ќе тргнат против Апасиев, за народот што повеќе него, а не Мицкоски да го доживуваат како опозиција во нашата држава, што пак ќе придонесе за дополнително расцепкувајќи на и така малиот број опозициски гласови.