АРСОВСКА НАЈАВУВА НАСКОРО ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА НА МОСТОТ „БЕЛАСИЦА“

0
547

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во интервју за Канал 5 ТВ најавува дека мостот „Беласица“ многу скоро ќе биде пуштен во употреба за сообраќај и ќе биде безбеден.Според неа дека во извештаите од Приватниот институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени не е забележано во ниту еден дел на мостот изложеност на каблите за пренапрегање туку се скриени со заштитен слој на бетон.

„Некои сериозни оштетувања на самиот мост нема, можам да кажам дека тоа е нешто минорно што се случи на тој мост и сега во овој момент очекуваме од страна на ЕСМ која во овој момент е надлежна за цевките од топловодот што поминуваат кои треба да се отстранат. Потоа мостот веќе со ситна санација се става назад во функција“, вели Арсовска за Канал 5 ТВ. Мостот „Беласица“ е една од клучните артерии во Скопје која поврзува два дела од градот, се наоѓа на потегот од Железничката станица до трговскиот центар „Ист гејт“. Беше оштетен во пожар ноќта помеѓу 11 и 12 мај, по што Град Скопје го ангажираше приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени за да направи експертиза за оштетувањата и потребната санација.

Пред десетина дена директорот на Институтот, Михаил Гаревски, изјави дека драфт верзијата од извештајот е готова и предадена на градските власти и рече дека оштетувањата се мали, но ќе треба ситна санација.Деканот на Градежниот факултет Горан Марковски, пак, неколку пати јавно порача дека е потребно детално испитување, исто како и вчера кога на прес-конференција укажа оти е потребна неопходна темелна истрага за да се осигури безбедноста пред мостот да се пушти за употреба. Професорот не сакаше да тврди дека мостот има сериозни оштетувања, но инсистираше на тоа дека се неопходни детални анализи.