АРСОВСКА ВЕЛИ ДЕКА МОСТОТ „БЕЛАСИЦА“ ДЕЛУМНО МОЖЕ ДА СЕ ПУШТИ ВО УПОТРЕБА, НО НЕМА ДА РИЗИКУВААТ

0
506

Мостот „Беласица“ може да биде пуштен веднаш за пешаци, велосипедисти и една коловозна лента за моторни возила, покажале прелиминарните резултати, според градоначалничката Данела Арсовска.

Сепак, како што рече таа, не сакаат да ризикуваат, па ќе почекаат да заврши експертизата.

„Она што го имаме од експертите по овие први прелиминарни резултати би можело да се отвори и за пешаци, и за велосипедисти, па дури и две траки за возење во еден правец веднаш, но одлучивме да почекаме да ги имаме точни прецизни информации и веднаш потоа доколку треба некоја ситна санација или реконструкција да се изврши и да биде ставено во употреба. За 20 дена се очекува да заврши експертизата и тогаш ќе се знае подетално каква интервенција треба“, рече градоначалничката.