АНКЕТА ВО БУГАРИЈА : ГЕРБ НА БОРИСОВ СО НАЈГОЛЕМА ДОВЕРБА, НА ВТОРО МЕСТО ПАРТИЈАТА НА ПЕТКОВ

0
482

Партијата на поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов – ГЕРБ, според резултатите на агенцијата за истражување на јавното мислење „Тренд“, има најголема доверба кај граѓаните на Бугарија. Истражувањето покажува дека 24,4 отсто од гласачите се подготвени да гласаат за ГЕРБ на изборите закажани за 2 октомври годинава.

На второ место е поранешната владејачка партија „Ќе ги продолжиме промените“ на поранешниот премиер Кирил Петков и поранешниот министер Асен Василиев со 19,6 отсто.

На трето место е протурската партија „Движење за права и слободи“ со 10,6 отсто, со нешто помал резултат од 10,3 отсто е партијата „Преродба“, која противниците ја нарекуваат главен промотор на руските интереси во бугарскиот парламент.

Бугарската социјалистичка партија, која беше дел од владејачката коалиција во претходниот парламент, има мал процент на поддршка од 8,6 отсто и е на петтото место.

Шестото и осмото место го заземаат „Демократска Бугарија“ и „Има таков народ“, кои исто така учествуваат во владејачката коалиција (7,8 отсто и 3,9 отсто).

На седмо место е новата партија на поранешниот министер за одбрана Стефан Јанев „Бугарски напредок“ – 4,5 отсто.

Истражувањето ги наведе и најголемите опасности од актуелната криза.

Најголемиот проблем со кој се соочи бугарското општество беа високите цени/инфлацијата/ценовниот шок (40 отсто), енергетската криза на второ место (19 отсто) и сиромаштијата на третото место (11 отсто).

Во октомври во Бугарија се одржуваат вонредни парламентарни избори.