АНГЕЛОВ : ЗА МОЕ РАЗРЕШУВАЊЕ ПОТРЕБНО Е МИНИСТРИТЕ ДА ДАДАТ ПОДДРШКА

0
149

Директорот на Центарот за управување на кризи Стојанче Ангелов вели дека без противење ќе го прифати неговото разрешување од функцијата од страна на техничкиот премиер Талат Џафери, но ако за тоа има поддршка од мнозинството министри во Владата.„Како Премиер тој има право да предлага именување и разрешување на функционери кои ги именува Владата.

Конечната одлука ја носи Владата со мнозинството министри што само по себе значи дека, за да биде прифатен предлогот на Премиерот за мое разрешување, подршка треба да дадат министрите, вклучително и вицепремиерите од СДСМ. Во спротивно ќе нема мнозинство за мое разрешување“ вели Ангелов.

Потврди дека вчера телефонски разговарале со техничкиот премиер, кој по одлуката на Достоинство да излезе од коалицијата предводена од СДСМ, му најавил дека ќе започне владина постапка за негово разрешување.Ангелов вели дека за одлуката да ја напушти коалицијата со СДСМ, благовремено го известил најпрво генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, а потоа и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.„Двајцата се изразија позитивно за мојата професионалност како директор на ЦУК и сугерираа дека во овој чувствителен период за државата треба да останам на чело на оваа значајна институција без разлика на политичката одлука на Достоинство за напуштање на владината коалиција.