Народот се крена против коцкарниците: Ќе се забрани ли коцкањето низ градовите и населените места?

0
1102

Попови и оџи му дадоа поддршка на протестот против коцкањето, што го организира Движењето против коцкањето на плоштадот во Тетово. Пред насобраните граѓани поп од архијерејското намесништво и оџа од тетовското муфтиство одржаа говори за тоа колку е штетно коцкањето, кое, според нив, е верски грев, односно зло што ги напаѓало душите на младите. Од протестот тие испртатија порака дека против овој порок требало заеднички сите фактори во општеството да се борат, па, како што рекоа, затоа и му дале поддршка на протесот.

Инаку, од Движењето против коцкањето имаат три барања што се однесуваат на оддалечување на обложувачниците и казината на најмалку три километри од градот, издвојување 5 проценти од профитот на обложувачниците за рехабилитација на жртвите од коцкање и изготвување образовна стратегија во која ќе има информации за последиците од коцкањето.

Тие очекуваат дека овие барања ќе бидат прифатени како амандмани на предлог-законот за игри на среќа. Побараа и јавна дебата за предлог-законот. Најавија дека ќе протестираат сè додека не се уважат нивните предлози. Протесот го поддржа и градоначалничката Теута Арифи, која исто така беше меѓу учесниците на тетовскиот плоштад, пренесе Макфакс.

Инаку забрана за коцкарници во населени места веќе од први јануари 2019-та стапува на сила во Албанија.