АМЕРИЧКИ БУЛДОЖЕР ПРЕГОВАРАЧ ДОАЃА ДА ГО РЕШИ СПОРОТ СО БУГАРИЈА – ГАБРИЕЛ ЕСКОБАР ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ КАДЕ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ И ДРУГИ ВИСОКИ ДРЖАВНИ ФУНКЦИОНЕРИ

0
1080

Специјалните претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, пристигна во Скопје, а се очекува да оствари средби со претседателот Пендаровски, како и со други водечки функционери.

Веста за неговото пристигнување во земјава го обелодени Американската амбасада во Скопје.

„Го поздравуваме пристигнувањето на специјалниот претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар, во Скопје. За време на посетата, г.Ескобар ќе се сретне со претседателот Пендаровски и со други клучни функционери на МК да разговараат за повеќе теми и заеднички приоритети за регионот“, пишува во објавата на Американската амбасада во Скопје на социјалните мрежи.