АМБАСАДОРОТ ФРЧКОСКИ ОРГАНИЗИРАШЕ КОКТЕЛ ВО ЊУЈОРК : 30 ГОДИНИ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (1993 – 2023)

0
605

По повод значаjниот јубилеј “30 години Северна Македонија во Обединетите Нации” Мисијата на Северна Македонија во ООН во Њујорк, МНР и Владата на РСМ направија настан – одбележување, кој беше широко проследен во дипломатската колонија на ООН. Овој, инаку ретко богат настан и значаен за нашите дипломатски состојби, се состоеше од:

– Настапи на Премиерот за ‚‚Новата агенда за Мир‚‚ пред Советот за безбедност на ООН (говорот Премиерот го одржа на македонски јазик што е ретка можност која му се даде нему, а поводот беше денот на Македонскиот јазик 5-ти Мај);

– Настап на Министерот за надворешни работи како Претседавач на ОБСЕ како брифер за состојбите во кои се наоѓа ОБСЕ и нашите приоритети како претседавач пред Советот за безбедност (Сесијата беше само во наша чест)

– Прием во ООН во чест на годишнината , кој го приреди амбасадорот Љубомир Д. Фрчкоски, на кој се обратија амбасадорот и премиерот Ковачевски (Приемот беше проследен со изложба на фотографии за триесетгодишнината на членството )

– Тркалезна маса одржана во ООН на два панела: Превентивна дипломатија и политика на пријателство и граѓанско општество и солидарност (со учество на видни дипломати и претставници на граѓанското општество од Македонија);

– Две изложби организирани во Македонскиот културен Центар во Њујорк за одбележување на Денот на Македонскиот јазик (обраќање на Премиерот и музички точки) и Екстатични тела (во кураторство на Славчо Димитров и Биљана Тануровска Ќулавковска, а отворена од амбасадорот Фрчкоски).

Македонскиот владин конвој по ова значајно одбележување оди во Вашингтон на средби со Државниот Секретар на САД – Блинкен и серија конгресмени.