АМА НЕМААТ ЦРНОГОРЦИТЕ ЕДЕН ТИМОТЕЈ, ЕДЕН РЕЏЕПИ И РАЗНИ ТЕОРЕТИЧАРИ НА ЗАГОВОР : ЦРНА ГОРА ОБЈАВИ ДЕКА ВЕЌЕ НЕМА АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС

0
817

Црна Гора нема веќе ниеден активен случај на коронавирус, објави тамошниот Институт за јавно здравје, со што стана прва држава во Европа со таков статус.

Во изминатите 24 часа биле направени 140 тестирања и меѓу нив немало ниеден нов случај на зараза.

„Во овој момент, во Црна Гора нема активни случаи на коронавирус“, соопштија од Институтот.

Црна Гора беше последната држава во Европа во која што беше регистриран коронавирус. Од почетокот на епидемијата пред 68 дена беа потврдени 324 случаи на зараза, при што починаа девет лица.

„Црна Гора успешно се избори со коронавирусот. Нема веќе заболени!“, напиша претседателот Мило Ѓукановиќ на Твитер.