АЛТРЕТНАТИВА ОСТАНА САМО СО ЕДНО МИНИСТЕРСТВО, СДСМ ИМ УПАТУВА ПОРАКА ЗА СОРАБОТКА

0
654

Со предлогот за реконструкција на Владата што го достави премиерот, Димитар Ковачевски до Собранието, Алтернатива останува само со едно министерско место во министер без ресор задолжен за дијаспора.Алијанса за Албанците доби три министерски места, две им зеде на Алтернатива, а едно на СДСМ. СДСМ не изгуби ниту едно министерско место, бидејќи за сметка на Министерството за правда го доби Министерството за животна средина, а ДУИ изгуби едно министерско место, тоа за животна средина.

И откако официјално е објавен предлогот за реконструкција, Алијанса не соопштува дали ќе остане во Владата.Портпаролот на партијата и директор на МЕПСО, за Фокус вели дека утре ќе ја донесат одлуката, без дополнителни коментари.-За утре имаме закажано состанок на Централен совет. Утре ќе си го кажеме нашиот став, ни изјави Муртезани.По доставувањето на предлогот, СДСМ упати порака до Алтернатива дека вратата за соработка е отворена и понатаму.

-Овие времиња се важни за европската иднина и за економските реформи и ги повикуваме да се издигнат над тесно-партиските интереси и да размислат уште еднаш. Иако Алтернатива не одговори на понудата за продолжување на соработката, партијата е добредојдена со свој придонес во европската коалиција. Во време кога имаме политички партии како Левица и ВМРО-ДПМНЕ кои активно работат против членството во ЕУ, важно е заеднички да работиме за остварување на стратешките цели. СДСМ не ги дели партиите, отворени сме за идна соработка и до други пратеници од други политички партии кои сакаат да ги поддржат реформите, економските политики и агендата на ЕУ за подобра иднина на земјата, изјави портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

Од Собранието потврдија дека во нивната архива е примен Предлогот за реконструкција на Владата.-Премиерот го достави предлогот за реконструкција на Владата и е примена од нашата архива. Кој ден ќе биде на седница, односно кога претседателот на Собранието ќе ја свика, ќе информираме дополнително, велат од собраниската прес-служба. Предлогот за реконструкција на владиниот кабинет е за четворица министри и пет заменици министри, а следуваше по преговорите за приклучување на Алијансата за Албанците (АА) во владиното мнозинство.Кренар Лога е предложен за министер за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, сите тројца од редовите на АА, додека за нов министер за животна средина и просторно планирање е предложена Каја Шукова од СДСМ, на местото на досегашниот Насер Нуредини од ДУИ.