АЛБАНСКА ДРЖАВЈАНКА ПОЧИНАЛА ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА ,,БОРКА ТАЛЕСКИ”

0
2931

Aлбанска државјанка била донесена во прилепската болница со здравствени проблеми, по што починала, информираат од прилепската полиција.„На 17.12.2022 во ОВР Прилеп, од болницата ,,Борка Талески“ во Прилеп било пријавено дека со здравствени проблеми кај нив била донесена 37 годишна жена од Рeпублика Албанија, со живеалиште во село Алинци, прилепско, која по укажаната лекарска помош починала. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција“, додаваат од МВР.