АЛБАНИЈА : ПОРАДИ КОРУПЦИЈА УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КУКС, САФЕТ ЃИЦИ

0
569

Според медиумите полицијата му ставила лисици на рацете на Ѓици додека бил во кафеана под неговиот стан, со што дематирани се информациите во дел од медиумите дека избегал во Дубаи по објавеното видео каде тој е во интимни моменти со девојка во службените простории.

СПАК ја добил целосната снимка, додека Ѓици е осомничен дека со тендер направил корупција, а по проверки во општина Кукс поднесено е барање за негово апсење.По објавувањето на видеото, Сафет Ѓици поднесе оставка велејќи дека е „жртва на стапица и дека се покажал како несериозен” и им се извини на жителите на општината.

По оставката, Владата истиот ден донесе одлука за негово разрешување а СПАК почна истрага и му забрани да ја напушта земјата.Сафет Ѓици (51) на локалните избори на 14 мај  беше реизбран и се очекуваше официјално да го почне вториот мандат