АКО САКААТ СТРАНЦИТЕ ДА ИЗГРАДИМЕ АВТОПАТ СО ЕКСТРЕМНА НОСИВОСТ, НЕКА ГО ОДВРЗАТ ЌЕСЕТО! КОРИДОРОТ 8 Е НАЈКРИМИНОГЕНИОТ ПРОЕКТ ВО НАШАТА ИСТОРИЈА, СМЕТА МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ

0
285

Доколку нашите стратешки партнери сметаат дека овој Коридор треба да се заврши во целост, тогаш треба да инвестираат во него. Ние ќе инвестираме до стандардна носивост, додека трошоците за екстремна носивост на самиот автопат нека ги инвестираат самите тие, изјави Максим Димитриевски, претседателски кандидат и лидер на ЗНАМ.

„Ако нашите стратешки партнери сметаат дека Коридорот 8 треба да се заврши во целост, тогаш треба да го одврзат ќесето и да инвестираат“.

Ова го изјави лидерот на ЗНАМ и кандидат за претседател на државата Максим Димитриевски во поткастот на Плусинфо, посочувајќи дека ние како држава можеме да инвестираме во автопат со стандардна носивост, но доколку некој инсистира автопатот да има екстремна носивост, тогаш тој треба да инвестира.

– Овој Коридор 8, ваков каков што е замислен, а рекоа дека проектот сѐ уште не е завршен, треба да има висока носивост, што подразбира сериозни интервенции на самата траса. Ние немаме потреба од такво нешто. За што ќе се користи? Па дефинитивно за транспорт на тешки возила и на друга опрема преку овој Коридор, бидејќи со истиот се поврзуваат Босфор и Дарданели. И доколку нашите стратешки партнери сметаат дека овој Коридор треба да се заврши во целост, тогаш треба да инвестираат во него. Ние ќе инвестираме до стандардна носивост, додека трошоците за екстремна носивост на самиот автопат нека ги инвестираат самите тие – изјави Димитриевски.Тој вели дека токму овој проект ќе биде еден од најкриминогените проекти во оваа држава.

– Со овој проект, не само што Македонија ќе влезе во тешка финансиска состојба, туку и самите граѓани ќе бидат изманипулирани до максимум – рече Димитриевски.Целото интервју можете да го погледнете тука: