АГЕЛЕР : КОРУПЦИЈАТА Е СИСТЕМАТСКИ ПРОБЛЕМ ВО МАКЕДОНИЈА УШТЕ ОД НЕЗАВИСНОСТА!

0
575

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер вели дека е разочарана што корупцијата продолжува да биде број еден предизвик со кој се соочува Македонија.Беше и кога бев тука порано. Искрено има систематски проблем уште од независноста пред 31 година.

Затоа не можеме да обвиниме само една Влада или институција. Тоа е одговорност на судството и секоја Влада и да бидеме искрени кон граѓаните, корупцијата не се случува сама од себе. Не можам само јас да бидам корумпирана. Тоа е производ на одлуки на поединци, граѓани и официјални лица, вели Агелер во вестите на Тв Канал5.

Амбасадорката е оптимистка и се надева на вистинска промена. Исто така верувам дека дел од евроинтегративниот пат ги адресира токму овие прашања и ќе ви биде од огромна помош, истакна Агелер