(ФОТО) Заев во посета на општина Копер

0
1236

Општините Струмица и Копер од Република Словенија ја продлабочуваат соработката која што почна во 2008 година. Градоначалниците Зоран Заев и Борис Поповиќ остварија средба во Копер, на која разменија искуства од работењето на општините со посебен акцент на позитивните практики кои го забрзаа нивниот развој и ги ставија на врвот, а се разгледуваа и нови можности за проширување на соработката.

32-640x320

Градоначалникот Заев, кој повеќе од една декада ја води општина Струмица, пред домаќините ги презентираше придобивките од проектот гасификација кој ја направи Струмица првата гасифицирана општина во Македонија, подземниот паркинг простор на плоштадот „Гоце Делчев“ кој придонесе во решавањето на проблемот со паркирањето, но и  други реализирани проекти кои значително го подобрија животот на граѓаните.

22

Исто така, од страна на градоначалникот Заев  беше потенцирана и подготвеноста на општината за инвестициони вложувања како на странските така и на домашните инвеститори кои ќе го забрзаат локалниот економски развој и ќе го подобрат стандардот на граѓаните, а се разговараше и за младите и спортот и големата поддршка што им ја даваат и двете општини.

Градоначалникот на Копер, Борис Поповиќ, ја посети општина Струмица во 2008 година, а три години подоцна во возвратна посета беше и градоначалникот Заев.

7