Средба меѓу Заев и претседателот на Партијата на Македонците во Србија

0
894

„Централна тема на средбата беше актуелната ситуација на малцинските партии во Србија, нивното учество на следните избори во Република Србија како и положбата на Македонците во соседните држави.

Претседателот Заев очекува Македонците во Србија да придонесат за напредок на државата во којашто живеат но и за зајакнување на врските со Република Македонија“, соопштуваат од СДСМ.

„Очекувам да се зајакнат врските со Македонија и взаемно да се градат односите помеѓу двете земји. Ви посакувам да имате успех во ваша убава мисија за сите нас. Сметајте на нас, ја имате нашата поддршка„ рече претседателот Заев.

Претседателот на новоформираната Партија на Македонците рече дека само со унапредување на добрососедските односи може да се зајакне улогата на македонците коишто живеат во соседните држави.

„Мораме да ги подобруваме и негуваме односите со нашите соседи. Само со унапредување на меѓусоседските односи можеме да ги јакнеме позициите на македонците во земјите вокоишто живеат„ рече Илиевски.