СКАНДАЛ: Царината му го одзела па му го врати џипот на Амди Бајрам спротивно на законите !

0
1087

Изминатиот месец царинската управа на пратеникот Амди Бајрам му го одзеде возилото Џип во Гевгелија за сторен царински прекршок, односно Фариш Вели зет на Амди Бајрам го управувал возилото без соодветни документи, јавува порталот Револуционер.

Иако возилото највероватно се води на извесен Боби кој што има странски пасош и е комшија на пратеникот но, општо познато е дека “газда” на џипот е пратеникот Амди Бајрам. Во моментот на одземање Фариш Вели го возел џипот спротивно на законот односно возило кое што е на странски табли има право да го управува само сопственикот.

Истата вечер кога е одземено возилото Бајрам се обидел да интервенира кај Сашо Мијалков и кај неговиот брат Влатко Мијалков (“газда” на царината во Македонија), но поради големиот број на сведоци не можеле во моментот да му помогнат па џипот морало да биде запленет.

Согласно законот процедурата за одземено возило трае и по 4-5 месеци во редовна постапка. Лицето кое што го сторило прекршокот има право на жалба, меѓутоа во овој случај и каква и да е жалба или одбрана не би го попречила или променила извршувањето поради сторениот прекршок. Царината има право да го одземе возилото ТРАЈНО, а праксата во Македонија е од како ќе се легализира возилото и ќе премине во сопственост на РМ да биде пуштено на лицитација на која што и сопственикот има право да учествува. Сторителот на делото е должен да плати казна согласно закон

Во изминатите неколку денови возилото кое што беше одземено од царината повторно е видено како се движи низ Скопје, а го управуваат повеќе возачи, сеуште на странски регистарски таблички.

Останува нејасно под кои услови Бајрам успеал да си го врати запленетиот џип од царината, дали ова е уште едно демонстрирање на моќ од страна на коалициониот партнер на ВМРО ДПМНЕ, јавноста очекува одговори…

Извор: РеволуционерМК