(ВИДЕО) Портпаролот на Стејт Департментот потврди дека Груевски немал средба со Нуланд

0
1135

На вчерашниот брифинг за новинарите во Стејт департментот, беше упатено новинарско прашање до портпаролот Џон Кирби за посетата на Груевски во САД, и дали била остварена или предвидена средба со Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски работи, Викторија Нуланд, пренесува Либертас.

Прашање: Може ли да ве прашам нешто за Македонија? Постојат извештаи дека македонскиот премиер, покрај средбата со потпретседателот Бајден денеска исто така, или веќе се сретнал, или е планирано да оствари средба со помошникот државниот секретар Нуланд. Прво, дали можете да го потврдите ова? И второ, ако тој навистина се сретнал со Нуланд, што беше целта на средбата, особено што доаѓа во време кога тој треба да се повлече?

Кирби: Колку што ми е познато, Владата на Република Македонија ја побарала средбата на премиерот со потпретседателот Бајден, најмногу за да разговараат за спроведувањето на договорот од Пржино, безбедносни прашања, како и други прашања од заеднички интерес. Немам за објавување никакви детали за распоредот на помошник државниот секретар Нуланд, но доколку добијам, ќе ви ги доставам.

Инаку, на редовниот дневен брифинг на Белата куќа, Македонија и премиерот Груевски воопшто не беа споменати.

Преземено од Либертас