Започна департизацијата на МВР: Сменети началниците во СВР Скопје, Битола, Охрид, Велес и Куманово

0
1170

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потврди дека се сменети началниците во пет Сектори за внатрешни работи и тоа во Скопје, Битола, Охрид, Велес и Куманово.

Промени се направени заради тоа што сметам дека има сериозни пропусти, нагласи Спасовски, додавајќи оти секогаш давал поддршка на професионализмот. Тој демантираше дека смените на началниците имаат каква било врска со случајот „Фабрика за фалсификувани документи“.

– Не може да се толерира упадот во УКИМ, не може да се толерираат истрагите кои на некој начин биле во застој за нападот врз новинарите, нема да се толерираат однесувањата на некои началници кои ги повикувале луѓето да се приклучат кон една политичка опција на штета на друга и некои други активности, појасни министерот Спасовски.