(ВИДЕО) Шилегов до Бонева: Течењето низ ногавици не е класифицирана информација

0
1218

boneva-silegov-anketna

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето бараа да им се обезбедат безбедносни сертификати на техничкиот персонал во Собранието и на оние пратеници кои ги немаат за да можат да се одржат затворени седници на кои би присуствувале високите владини функционери од оваа партија. Како и да е, Комисијата се уште не донела одлука дека седниците ќе бидат затворени, поради што претседателот, Петре Шилегов, рече дека нивното барање е преурането, пренесе А1он.

Шилегов посочи дека нема оправдана причина за седниците да бидат затворени. Нема доверливи податоци, рече тој, во тврдењата од „бомбите“ дека врвот на ВМРО-ДПМНЕ договарал изборни манипулации, наредувал гласачи да се тегнат за уши, дека било нарачано рушењето на Комосос и дека премиерот, Никола Груевски презел во своја сопственост поголема градежна површина на Водно.

-Не гледам класифициран податок во течењето по ногавици, тегнењето за уши, купувањето плацеви на Водно, барањето да се лустрираат судии во Кичево. Да не ја извртуваме работата на оваа Комисија – рече Шилегов и не доби контра-реплика од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Видеото ОВДЕ