(ВИДЕО) Козаров: Личните интереси на ВМРО- ДПМНЕ пред здравјето на граѓаните!

0
1232

Во месноста Билбил Камен, во близина на Битола, веднаш над населбата Довлеџик се  отвара нов каменолом, со дозвола за експлоатација и договор за концесија издадени од Министерството за економија. Оваа концесија, во непосредна близина на Битола, е издадена за време траење од 30 години, вели советникот во Општина Битола од редовите на СДСМ, Горан Козаров.

Никој не знае дали е изработено претходно истражување во поглед на штетните последици од загадувањето како резултат на овој каменолом, имајќи ја во предвид неговата локација.

Какви последици по здравјето ќе имаат граѓаните на Битола?

Битола е еден од најзагадените градови во Република Македонија. Со овој каменолом постои сериозна опасност загадувањето дополнително да се зголеми. Зголемувањето на загаденоста е на директна штета по здравјето на граѓаните.

Очигледно ВМРО-ДПМНЕ продолжува за свои лични и бизнис интереси да го загрозува здравјето на граѓаните.

Бараме да се запре постапката за отворање на овој каменолом се додека не се информира јавноста за резултатите од истражувањата за последиците врз здравјето на граѓаните.

Дополнително, бараме спроведување јавна анкета на којашто граѓаните на Битола ќе го искажат своето мислење.