Шилегов за рушењето на дивоградбата кај Мавровка: Само вака ќе се види владеењето на правото!

0
193
Во текот на денешниот ден започна рушењето на дивоградбата на ТЦ Мавровка во Скопје.

Градоначалникот на градот, Петре Шилегов го поздрави овој потег и ги охрабри локалните власти да влезат во борба против дивата градба.

„Уште еднаш ќе кажам дека градот нема ингеренции да интервенира за дивоградбата кај Мавровка. Со нејзиното рушење, убеден сум дека граѓаните ќе го видат владеењето на правото. Ги охрабрувам и локалните власти, заедно да влеземе во борба против дивоградбите“, истакна Шилегов.