ЦУК: РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ИНСТИТУТ ЗА ОДБРАНА И МЕЃУНАРОДНИ СТУДИИ

0
772

Денеска (01.06.2021) во Центарот за управување со кризи, (ЦУК), в.д. директорот Стојанче Ангелов, имаше работна средба со претставници од Институтот за одбрана и меѓународни правни студии од Соединетите Американски Држави, што е континуитет на долгогодишната плодна заедничка соработка во областа на кризниот менаџмент и одбраната.

Ангелеов, изразувајќи голема благодарност за поддршката што ја добива ЦУК и нашата земја од САД, се осврна на потребите од експертска соработка токму во идно реформирање на делови и институции од Системот за управување со кризи, согласно стратешките современи искуства какви што се американските, а сепак адаптирани за нашата држава. Таа соработка претпочита и вклучување на кадри од ЦУК во програмите за обука организирани од страна на Институтот за одбрана и меѓународни правни студии од Соединетите Американски Држави коишто содржат курсеви и семинари од областа на управување со кризи.

Покрај претставниците на американскиот Институт, на работната средба беа и учествуваа во дискусијата и претставници од Канцеларијата за одбранбена соработка од Амбасадата на САД во РСМ и претставник од канцеларијата на Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам. Од страна на ЦУК учествуваа претставници на Секторот за меѓународна соработка и од Секторот за административна поддршка на директорот.