СЕКОЈДНЕВНО НАПОРНО РАБОТИМЕ ЗА ДА ДОЈДЕМЕ ДО НОВО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО, МИЦКОСКИ: ВЕРУВАМЕ ДЕКА ОВАА ВЛАДА ЛОШО МЕНАЏИРА СО ДРЖАВАТА И ЗАТОА СЕКОЈ ДЕН БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ЗАЕВ

0
303

“Основна цел на функционирање на опозиција е да бара предвремени парламентарни избори. Ние веруваме дека оваа Влада лошо ги менаџира работите во Македонија и лошо ја води Македонија така што прашањето “дали” треба да биде “кога”, а ние бараме секојдневно оставка од оваа Влада и создавање на услови за предвремени парламентарни избори час поскоро” – рече Мицкоски. Според него, ВМРО-ДПМНЕ секојднево работи на постигнување на мнозинство од 61 пратеник за да се постигне распуштање на оваа Влада.

“Правно треба 61 пратеник да крене два прста во Парламентот и на тој начин да се распушти оваа Влада и да се закажат нови предвремени парламентарни избори. На друг начин, за жал не можеме. На методологијата како да дојдеме до 61 пратеник, секојдневно работиме. Кога ќе имаме мнозинство од 61 пратеник, ќе ја информираме благовремено македонската јавност” – рече Мицкоски.

Мицкоски не сакал да открива детали бидејќи се’ уште се работело на ново парламентарно мнозинство, во кое наводно би бил опфатен и дел од пратеничката група на СДСМ.