ССМ УТРЕ ЌЕ ГО БЛОКИРА ЦЕНТАРОТ ПОРАДИ НАЈАВЕН ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК

0
647

Сојузот на сиднидакти на Македонија за утре најави предупредувачки протест со блокирање на улицата пред седиштетот на Организацијата на работодавачи во центарот на Скопје во знак на незадоволство од нивниот предлог за минимална плата од 16 наместо 18 илјади денари. Претседателот на ССМ Дарко Димовски изјави дека е неприфатлив предлогот на работодавачите за минималната плата од 16.164 денари во случај кога минималната синдикална кошничка изнесува 35.040 денари.

„Затоа утре по завршување на седницата на Советот на ССМ директно излегуваме со целото Претседателство на ССМ и сите штрајкувачки одбори на протест со блокирање на улицата пред седиштето на ОРМ и Стопанската комора на Македонија“, изјави Димовски.

Синдикални претставници ќе учествуваат на утрешната седница на седницата на Економско-социјалниот совет закажана за 16 часот во Владата. Од ССМ велат дека доколку не биде прифатено нивното барање за минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати, ќе излезат на генерален штрајк.

ССМ бара итна измена на Законот за минимална плата односно бара минималната плата да не може да биде пониска од 60% од просечната исплатена месечна нето-плата по вработен во последните три месеци и платите на останатите работници задолжително да се усогласат со порастот на минималната плата согласно Закон и колективен договор.

Во нивните барања е наведно и потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор во кој ќе биде вметнат регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор.

Во меѓувреме политичката партија Левица го предложи до Собранието предлог законот на ССМ поднесен во декември за зголемување на минималната плата и тој е ставен на дневен ред на седницата закажана за 10 февруари.