ОО СДСМ БИТОЛА : КОЊАНОВСКИ ДА НЕ СЕ КРИЕ И ДА ДАДЕ ВИСТИНСКИ ОТЧЕТ КАКО ГИ ТРОШИТЕ ПАРИТЕ НА БИТОЛЧАНИ

0
384

Коњановски избегнува да даде вистински отчет како ги троши парите на битолчани “Фантастичната реализација” на буџетот со која се фали локалната власт предводена од Коњановски и ДПМНЕ не ништо друго освен фантастичноманипулирање со податоците.Во буџетот на општината за 2022 година, Коњановски и екипата предвидоа над 8,5 милиони евра за изградба на улици, патишта, училишта, градинки, различни објекти. Со ребалансот на буџетот во јуни, пред да излезе извештајот за вториот квартал, ја намалија сумата на 8,2 милиони евра, а во септември пред да излезе извештајот за реализизацијата на буџетот за третиот квартал, износот падна на 7,5 милиони евра.

Како што се намалуваше износот за капитални расходи, така се зголемуваше износот за т.н. опративни расходи, односно пари за разно-разни трансфери, за договорни услуги и за стоки. Од првично предвидените 7,9 милиони евра, со ребалансот во јуни сумата се зголеми на 8,2 милиони евра, а со ребалансот во септември на над 9 милиони евра. Со други зборови, Коњановски и ДПМНЕ земаат од купот пари наменети за улици, патишта, училишта, градинки, објекти и префрлаат во купот пари кои тешко може да се најде каде завршиле. Затоа расте процентот на реализација на капиталните расходи во буџетот.

Овие срамни и подли манипулации што ги прават Коњановски и ДПМНЕ се заслужни за, како што велат, историските, фантастичните проценти на реализација на буџетот. Ако за нешто треба им се признае на ДПМНЕ, тоа е дека се мајстори за извртување на реалноста и за замајување на јавноста. Ама, тие подобро од сите други треба да знаат дека вистината е како шило и ќе излезе. Излегува на виделина и податокот дека за девет месеци годинава, градоначалникот Коњановски и екипата околу него потрошија 11 милиони евра. Од нив САМО 4 и пол милиони евра за изградба на улици, патишта, објекти. Коњановски е должен да објасни каде завршиле парите. Граѓаните треба да знаат и дека во првите девет месеци годинава Коњановски и екипата потрошија 3 милиони евра повеќе отколку што имаше приходи во општината. Битолчани треба да знаат дека општината е на пат кон банкрот оти цехот ќе го платат тие. Не Коњановски и екипата.