Вице Заев преку интервју за ,,Фактор” им одговори на куртоните и Груевци за патките и спиновите : Немам ништо заедничко со личноста и делото на Сашо Мијалков

0
1585

ице Заев, братот на премиерот Зоран Заев во интервју за „Фактор“ вели дека не ја користи моќта што е брат на премиер, како што се коментира во јавноста и не може во никој случај да се споредува со екс директорот на тајната полиција, Сашо Мијалков.

Фактор: Вашето име е едно од почесто споменуваните во последно време, а пошироката јавност има впечаток дека станува збор за некоја мистериозна личност, која што од заднина ги контролира работите? Зошто Ве нема во јавноста?

Вице Заев: Да, моето име во последно време доста се спомнува, и тоа често во лош контекст. Прво од политичкиот опонент кој тоа го прави само со единствена цел да го девалвира авторитетот на Зоки, второ,
можеби одредени портали за да си го пополнат просторот, или пак иницијатива дава некој кој што има друга позадина, но тоа времето ќе го покаже. Просто се чудам на сите тие пишувања. Овие пет месеци колку што е Зоки премиер, цела пропагандна машинерија се труди да ме прикаже како најголемиот криминалец во државата, а јас немам ни една казна за погрешно паркирање, а не пак за некакво дело. Јас сум мирен човек, не се сметам за мистериозна личност, затоа што сум јавно достапна личност која што главно се движи во родниот град Струмица, каде што си ги вршам моите семејни и деловни обврски. Моите бизниси, лично што ги работам, и се врзани во Струмица и од тие причини не можам да бидам пасивен или изолиран од јавноста.
Во однос на делот за контролата што ме прашавте. Одговорот е да, контролирам, ама само моите приватни работи и немам никакви други амбиции во врска со тоа прашање.

Фактор: Дури некои Ве споредија со Сашо Мијалков поранешниот шеф на УБК, правејќи паралела во неговата роднинска релација со тогашниот премиер и вашата со сегашниот…Ја
користите ли моќта на вашиот брат во бизнис цели?

Вице Заев: Toa е резулат на слободата која настапи во нашето општество. Веројатно во недостаток на
“началник” од типот на Сашо Мијалков кој што веќе нема политичка моќ, на луѓето се уште им треба време да разберат дека времето на началништвата и рекетарствата заврши. Ни од далеку не се споредувам
ни со ликот, ниту со делата на Сашо Мијалков. Инаку, Зоки е на политичка позиција од 2003 година како пратеник до 2005 година, а од 2005 до 2017 градоначалник на Струмица, а сега премиер и ниту во
минатото, ниту пак во иднина, не сакам и не можам да ја користам позицијата на брат ми за бизнис цели, бидејќи моите бизниси ни тогаш ниту сега се поврзани со локалната или сега со извршната власт. Моите бизниси се натпреваруваат на пазарот и мојот успех на тоа поле зависи од умешноста, креативноста и
храброста во водењето на тие мои бизниси.

Интервјуто во целост ОВДЕ.