НИКОЛОВСКИ: АФЕРАТА ЗА НИВИТЕ СО КОИ БЛИСКИ НА МИЦКОВСКИ ГО ОШТЕТИЛЕ ЕВН ЗА МИЛИОНИ ЕВРА МИ ГИ ДОСТАВИ СВИРКАЧ ВО МОЈОТ КАБИНЕТ

0
362

Претставката во врска со случајот за препродавање на земјиште преку сомнителни трансакции на ЕВН од страна на организирана група, беше доставена до мојот кабинет и по деталните анализи беше проследена до надлежната институција, Управа за финансиска полиција.

Истрагата ќе покаже кој сé е вмешан во сомнителните трансакции, дали пред изборите се правеле шеми и каде завршиле парите.

Очекувам ефикасна истрага и брза разрешница на случајот, јавноста има право да ја знае вистината, одговорност мора да има.