(БОМБАСТИЧНО ИНТЕРВЈУ) Митевски: Неискусни полицајци биле ставени во ситуација да гинат во самите возила на влезот од Дива населба

0
1226

Имам информации дека на околу 50 отсто од безбедносните сили ова им била прва акција и се ставени во таква ситуација да гинат во самото возило на влезот од Дива населба, вели поранешниот директор на безбедносните служби во МВР и полициски генерал Горан Митевски кој за „А1ON“ ги толкува случувањата во Куманово и нивната поврзаност со политичката криза во Македонија.

goran-mitevski-620x320

Според него, МВР не фати терористи, туку платеници со криминални досиеја кои не претставувале закана за Македонија и за регионот, туку дека се осмислено и испланирано донесени во Куманово. Митевски вели дека по ова ќе биде погубно за земјава доколку Груевски не потклекне на притисокот од меѓународниот фактор да поднесе оставка и да дозволи формирање на техничка Влада.

Премиерот и министерката изјавуваат дека акцијата во Куманово за разбивање на терористичка група била успешна. Колку е успешна акција во која имаме загинати осум полицајци и повредени 38, освен убиените т.н терористи?

Изјавата на државниот врв во врска со успешноста на акцијата е контрадикторна. Прво министерката Јанкулоска изјави дека биле загрозени витални објекти во Куманово. Според мене такви објекти во кумановскиот регион не постојат и не знам кои тоа објекти би биле цел на терористичката група. Премиерот даде изјава дека 8.000 луѓе се спасени, дека можеле да бидат жртви на нападот. За цела 2001 година, пред почетокот на секоја акција месното насление се иселуваше за да не дојде до цивилни жртви. Ако е точно тоа што го кажа претседателот Иванов дека знаеле за групата пред почетокот на оваа година, нејасно е зошто акцијата е преземена во градска средина и биле загрозени цивилни животи, зошто месното населене не е дислоцирано пред почетокот на самата акција?

Освен евакуција, сигурно постајат други начини да се совлада групата, преку прекин на водоснабдување и електрична енергија постепено да се неутрализира?

Наводно групата била во селото Отја пред да се спушти во Дива населба во Куманово. Зошто групата не е пресечена на патот од село Отја пред да влезе во градска средина? Треба некој во МВР да даде објаснувања. Најуспеша акција би било кога би била надвор од градска средина, кај што можеле комплетно целата група да ја неутрализираат, без жртви на безбедносните сили, ниту животите на едницита да бидат загрозени.

Дали е тогаш ова резултат на неспособноста на МВР да се справи со вакви закани, или станува збор за нешто друго?

Јас од почеток на оваа криза зборувам дека ова претставува дефокусирање на јавноста од бомбите на опозицијата, и целта е да се спречи големиот митинг што го најави опозцијата за 17-ти мај. Според мои информации во самата акција учествувале многу неискусни припадници на специјалнтие едници. На околу 50 отсто од безбедносните сили ова им е прва акција и се ставени во таква ситуација да гинат во самото возило на влезот од Дива населба. Тоа е многу непрофесионално и контрадикторно на тоа што го кажуваат, дека целата акција било претходно добро испланирана, осмислена и организирана.

Целото интервју прочитајте го на следниот линк.