” НЕМА ДОГОВОР СО БУГАРИЈА, ЌЕ НЕМА НИТУ МЕЃУВЛАДИНА КОНФЕРЕНЦИЈА “

0
583

На 22 мај нема да има заедничка владина конференција со Бугарија од причина што агендите не го дозволуваат тоа, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додава дека во моментов министерствата за надворешни работи разменуваат идеи, но, како што вели, нема усогласено заедничко решение кое може да биде основа за меѓусебен договор.

Решение со Бугарија, според Ковачевски, е можно единствено ако тоа се заснова на европски вредности.

-Се додека нема такво решение кое што ќе се базира на овие вредности, нема да има решение – изјави Ковачевски, додавајќи дека разговорите продолжуваат.